Уште од синоќа река народ се слеваше кон малата пештерска црквичка во близина на Охрид посветена на Св. Еразмо.
Илјадници верници и денеска дојдоа да се поклонат во храмот на големиот светец. Од двете страни на магистралниот пат Охрид – Скопје, беа паркирани колони возила, а верниците стрпливо чекаа во ред да запалат свеќа. Дел од нив оставаа и дарови за здравје.
Утрово во црквата во Св. Еразмо се одржа богослужба со која чиноначалствуваше митрополитот Дебарско – кичевски г.Тимотеј.
Култот кон Св. Еразмо е посебно изразен во Охрид, каде светецот поминал дел од животот во пештерската црква сместена над сегашниот храм во близина на Охрид, која постои и денеска. За време на својот живот се смета дека Св. Еразмо во овој крај покрстил околу 20.000 луѓе.
Св Еразмо Охридски
Овој светец од Бога даруван со чудотворна моќ е роден во Антиохија и живеел за време на царевите Диоклецијан и Максимилијан. Како архиереј патувал и го проповедал Евангелието па така стигнал и во Охрид. Откако го воскреснал синот на некој човек по име Атанас крстил многу луѓе, а идолските жртвеници ги разурнал. Поради тоа бил обвинет кај царот Максимилијан кој му наредил на бакарниот кип на Зевс да му се поклони и да му принесе жртва. Но Еразмо направил од статуата да излезе ламја и да го исплаши народот. По овој настан Св. Еразмо крстил 20000 луѓе но по наредба на царот сите биле исечени, а Еразмо бил затворен. Но тогаш се јавил ангелот и го ослободил од затворот како што многу порано го ослободил и Св. Петар. Пред смртта се повлекол во една пештера и во молитви го минал животот.
Во Охрид денес и утре ќе се одржи 17 Меѓународна научна конференција „Безбедност 2030: Ера на паметни технологии, отпорни општества, ризици и предизвици“ Конференцијата е во организација на Факулте...
Вечерва во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид со почеток во 19 часот ќе се одржи културниот настан „Враќање кон корените“, во авторство на режисерот Петро Алексовски од Полска, а во орга...
Сончево со мала до умерена локална облачност Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува Во Охрид времето денес сончево со умерена облачност Максимал...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.