Фудбалерите на Охрид забележаа значајна победа во трката за опстанок откако на домашен терен со минимални 1-0 ја совладаа екипата на Корзо. Човек на одлука беше Филип Митрески кој шутираше прецизно од белата точка во 56-та минута од натпреварот.
Почетокот на мечот ја одбележа нервозната игра во двата табори, “фрчеа“ стартови но главниот судија Влахо одлично ја контролираше играта и ги смири страстите.
Најзрелата приликаво првиот дел да ја начнат мрежата им припадна на домаќините, по несигурната интервенција на голманот Николовски, Китрозоски биеше непрецизно.
Во вториот дел со серијата измени во составот на охриѓани веднаш се почувствува на играта која доби повеќе креативност во средината на теренот. Капитенот на “рибарите“ Велески одлично беше проигран во празно откако влезе во казнетиот простор беше соборен а за главниот судија Влахо немаше дилеми и покажа на белата точка. Сигурен егзекутор беше Ф. Митрески.
Примениот погодок внесе нервоза во гостинскиот состав, а тоа резултираше со црвен картон. Последниот фудбалер кај гостите Ралевски без топка со лакто го удри Мерко. Скопскиот судија Влахо го заблежа и веднаш го санкционираше Ралевски покажувајчи му го патот кон соблекувалните.
Со фудбалер повеќе Охрид создаде две стропроцетни прилики за погодок. Прв промаши Мерко од изгледна позиција додека вториот пат непрецизен беше стрелецот на голот Ф. Митрески. Гостите можеа тоа да го казнат на истекот од 90-та минута кога Дамески шутираше а неговиот удар заврши неколку сантиметри покрај голот на Трајаноски.