Уште од вчера, а помасовно изутрина, охриѓани ја посетуваат црквата посветена на Св. Еразмо Охридски во чиј спомен се празнува денешниот ден. Колони возила беа паркирани од двете страни на магистралниот пат Охрид – Скопје, а голем број верници стрпливо чекаа во ред да запалат свеќа.
Утрово во црквата во Св. Еразмо се одржа богослужба на која присуствуваа повеќе верници. Дел од нив покрај молитвите и палењето свеќи, оставаа и дарови за здравје.
Култот на славење на Св. Еразмо е посебно изразен во Охрид, каде светецот поминал дел од животот во пештерската црква сместена над сегашниот храм во близина на Охрид, која постои и денеска. За време на својот живот се смета дека Св. Еразмо во овој крај покрстил околу 20.000 луѓе.
Св Еразмо Охридски Овој светец од Бога даруван со чудотворна моќ е роден во Антиохија и живеел за време на царевите Диоклецијан и Максимилијан. Како архиереј патувал и го проповедал Евангелието па така стигнал и во Охрид. Откако го воскреснал синот на некој човек по име Атанас крстил многу луѓе, а идолските жртвеници ги разурнал. Поради тоа бил обвинет кај царот Максимилијан кој му наредил на бакарниот кип на Зевс да му се поклони и да му принесе жртва. Но Еразмо направил од статуата да излезе ламја и да го исплаши народот. По овој настан Св. Еразмо крстил 20000 луѓе но по наредба на царот сите биле исечени, а Еразмо бил затворен. Но тогаш се јавил ангелот и го ослободил од затворот како што многу порано го ослободил и Св. Петар. Пред смртта се повлекол во една пештера и во молитви го минал животот.
Музичкиот едиторијал во „Nocciolino Lounge Bar“ продолжува со одбрани звуци, урбана атмосфера, мезе и вино што го следат ритамот на музиката „Nocciolino Lounge Bar“ најавува ново музичко доживување...
Во просториите на ХЕС „Црн Дрим“ во Струга беше одржана работилница организирана од Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ во Скопје, Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија – ИЗИ...
Согласно Календарот за 2026 год за подигнување отпад од пластика и хартија од кантите за селекција, ЈП „Охридски Kомуналец” ги потсетува своите корисници на услуги од улиците „Железничка”, „Прилепс...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.