Охрид ја победи Струга со 28-23 (12-11) и обезбеди пласман во ТОП 16 од националниот куп во ракомет.
Првиот дел мина во изедначена игра. Гостите имаа почетна предност, која “белите“ по дваесетина минути игра ја завртија во своја корист и предност од плус три 10-7.
Но, наместо да прдолжат во исти ритам, домашните се опуштија, правеа доста грешки во оргазницацијата на играта, а “сините“ преку Бадиолоски не само што израмија, туку и поведоа со 11-10. Набрзина охриѓани се вратија во игра, а со голот од “слободен“ на Андоновски на одмор заминаа со предност 12-11.
“Гладијаторите“ отпорот на гостите го скршија на стартот на вториот дел кога на брзина се одлепија на плус три. Со пожртвувана игра во одбраната, избраниците на Горан Андоновски не дозволија лесни голови, додека мрежата ја полнеа од контранапади.
Конечната разлика ја направија во средина на вториот дел кога по серијата успешно реализирани “седмерци“ избегаа на плус пет, 24-19.
Трифуноски со девет и Томоски со осум беа најпрецизни во охридскиот тим, додека кај гостите најпрецизен беше Бадиолески со девет постигнати гола.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com