
И граѓаните со неверување гледаа што се’ беше извадено од езерото. Но како отпадот стигнал во езерото? Кој го фрлил? Кој е одговорен? Граѓаните на Охрид одговорот на овие прашања самокричично го бараат во сопственото однесување. На тоа упатуваат и резултатите од анкетат што деновиве ја спроведе „Ohridnews“. На прашањето „ Кој е виновен за загадувањето на Охридското Езеро со цврст отпад?“, 39% од читателите одговориле дека подеднакво вина сносат и охриѓани и туристите. Сепак високи 36% сметаат дека вината за загадувањето на езерото исклучиво е кај охриѓани, наспроти 6% од читателите кои одговорноста ја лоцираат само кај туристите, додека 19% од нив сметаат дека државата и инспекциските служби се одговорни за ваквата состојба.
Во анкетата беа вклучени 1182 читатели.











