Група ентузијасти од Охрид ја реафирмираат идејата за одржување младински работни акции, кои беа белег на поранешна Југославија. Во процедура е формирање на здружение на граѓани „Брег на младоста“, кое ќе биде носител на овие активности.
-Не се работи за некаква носталгија, туку за враќање на некои морални вредности, кои целосно се изгубија во ова време, изјави Зоран Стевоски, еден од иницијаторите за повторно заживување на акцијаштвото.
Тој вели дека здружението ќе го афирмира волонтаризмот како начин на општествено ангажирање, а главниот акцент ќе биде ставен на младите. За таа цел, како што истакна Стевоски, ќе бидат организирани трибини, едукативни работилници и кампови каде ќе се привлекуваат млади со волонтерски дух.