Со мечевите од првата пролетна рунда започнува вториот дел од ракометната сезона во Првата лига. Во првата рунда, “гладијаторите“ на домашен терен ја пречекуваат екипата на Пелистер Ј. која во есенскиот дел им нанесе пораз со 27-19. Со по 28 бода двата тима се на делба на третата позиција.
– Првиот пораз сезонава го претпревме токму од оваа екипа, и на утрешниот меч сакаме да докажеме дека тој пораз беше само недостаток на тренинг, што сега е максимално надополнет – вели охридската 12-ка, Китевски.
Натпреварот по кој ќе се знае која од овие две екипи ќа ја продолжи трката за втората позиција која носи бараж меч за влез во Суперлигата се игра в недела од 17 часот.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com