Поразот на Македонија од Русија во малото финале на Европското првенство во кошарка што се играше во Литванија, за момент ги растажи илјадниците фанови во Охрид кои вчера од се срце навиваа за својата репрезентација. Македонија остана без медал но не направи бескрајно горди, беа коментарите на охриѓани кои и покрај поразот високо ги развиорија црвено-жолтите знамиња.


Натпреварот организирано се следеше во речиси сите кафулиња и ресторани, а најживописно беше на градскиот плоштад каде декорот беше величенствен.


Навивач се станува од мали нозе

Македонските херои, кои го освоија четвртото место на Европското првенство во Литванија денеска со чартер авион ќе пристигнат во Скопје, каде им се подготвува голем дочек.

OhridNews