По триуфмот во дербито со Пелистер, “гладијаторите“ се пред нов предзвик во првата ракометна лига. Ракометарите на Охрид 2011 во 16-та рунда бодови ќе “бркаат“ против осмопласираниот Младост.


Избраниците на Горан Андоновски мечот треба да го одиграат на гостински терен во Ресен, но по договорот на двете екипи, охриѓани натпреварот со Младост ќе го играат в недела од 17 часот во салата “Атина Бојаџи“.


“Гладијаторите“ по одиграни 13 натпревари во сезоната, извојуваа девет победи, а претрпеа четири порази и со 27 бодови се наоѓаат на второто место, кое води во супер лигата.

Мх.П.