Студеното време не ја попречи новогодишнста прослава во Охрид. На -9 степени Целзиусови голем број граѓани и гости излегоа на плоштадот Св. Климент Охридски каде ја дочекаа новата 2015 година. 

Забавата започна со Петар Нечовски, по што настапи групата „ Камелеон“, а дочекот на новата година кулминираше со настапот на македонската музичка ѕвезда Владо Јаневски. Пред присутните се обрати градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, а влегувањето во новта година беше означено со голем огномет над Охридското Езеро.


Среќна Нова година

 

OhridNews