Охриѓани и туристите Новата 2014 година ја дочекаа на градскиот плоштад со хитовите на Ламбе Алабакоски, Викторија Лоба, Наум Петрески, неговата ќерка Анастасија и Зуица Лазова, придружувани од оркестарот на групата „Синтезис’. По полноќ свој настап на плоштадот имаше блех оркестарот „Агушеви“.

Новата година со желби за добро здравје и успех на присутните им ја честита градоначалникот на Охрид, кој се обрати нешто пред полноќ.


Весела новогодишна атмосфера во „Plan B“

Забавата продолжи во кафетериите, клубовите и рестораните во Охрид, каде ќе се слави до доцна во ноќта.

OhridNews