Вчера во големата сала при општина Охрид, Лекарската комора на Македонија и Здружението на граѓани “Мактрансплант” презентираа низа активности на тема „Дари орган, подари живот“, кампања која има за цел подигнување на свеста кај населението за дарување на органи како највисок хуман чин.
Според новиот Закон за трансплатација на органи и ткива, во иднина се отвора можност за развој на кадаверична трансплатација од починати донори.
„Во Охрид го организираме ова предавање за информирање на граѓаните и матичните лекари за целата кампања околу органодарителството, односно датување на органи постсмрттно. Сакаме да ги информираме матични доктори, бидејќи тие се првата врата каде доаѓаат пациентите.“ – вели д-р Ана Анчевска од Здружението на граѓани “Мактрансплант”.
Како што објаснува Анчевска, во земјава најчесто се дарува бубрег, а од еден дарител можат да се спасат дури осум човечки животи.
„Во моментов постојат напори да се врши трансплатација и на други органи. Знаејќи дека на листата на чекање секој ден умираа по 18 луѓе, ја сфаќаме потребата од целата оваа процедура која ја спроведуваме за трансплатација на органи.“ – објаснува Анчевска.
Доц. д-р Игор Николов од Клиниката за нефрологија, вели идеата на оваа кампања е се подигне свеста кај популацијата за трансплатација и дарување на органи од починат донор, односно целта е да се разбие оваа табу тема која е присутна кај населението.
„Се надевам дека органодарителството ќе стане нешто често за кое луѓето ќе се изјаснуваат дали се согласни да ги дадат сопствени органи, и доколку се изјаснат позитивно, тоа да го соопштат на своите блиски. На тој начин, луѓето ќе знаат какви биле нивните ставови во текот на животот. Добро е што сите верски организации од земјава ја поддржаа оваа акција, преку потпишување на Меморандум. Имаме поддршка од странски експерти, од ресорното министерство, од фоднот. Првата трансплатација од починат донор може да се случи во секој момент.“ – вели Николов.
Како што тој објаснува, во моментов се работи на создавање единствена листа на пациенти кои чекааат органи.
„Се изготвувањето на оваа единствена листа, ние ќе бидеме спремни доколку се појават органи кои можат да бидат дарувани, да знаеме точно кој може да ги прими, кога може да ги прими и дали има некое заболување. Во моментов таа листа се состои од 50 пациетни, но имаме план таа бројка да се зголеми на 200 во следната година.“ – вели Николов.
Д-р Наум Костоски потеницра дека кај населението треба да се создаде свест дека трансплатацијата не е нешто противзаконско, односно е легална постапка која се прави секаде низ светот.
„Пациентите на дијализа кога веќе дошле до завршна фаза на бубрежните болести, единствено решение за нивно излекување е трансплатација на орган. На повидок е решавање на проблемот, со оваа кадаверична трансплатација, односно земање писмена согласност од фамилијата од починато лице за дарување на орган.“ – вели д-р Костоски.
Во општинската сала беше присутна и пацинетката Даниела Аризанковска, на која пред повеќе години успешно и беше трансплантиран бубрег од жив донор.
„Животот после трансплатација е доста подобрен, односно живееме квалитетно и нормално. Не сте врзани за апарат, можете да работите и да ги извршувате секојдневните обврски. Сакам да упатам апел до сите да бидат хумани, да даруваат органи, бидејќи има доста лица кои немаат можност како што ја имав. Потребно е да се развие оваа наша иницијатива, бидејќи животот на дијализа е многу тежок.“ – вели Аризановска.
Инаку, во моментов во земјава се трансплантираат само бубрези кај возрасни и кај деца од жив дарител. Новиот Закон за трансплантација на органи и ткива отвора можност за развој на т.н. кадаверична трансплантација, односно трансплантација на органи од пациент во состојба на мозочна смрт.
О.Т.