Сопствениците на дисплејот за Ohridnews изјавија дека ја добиле потребната дозвола од телевизија „Сител“ за емитување на директниот пренос од натпреварот кој започнува во 16.30 часот.
Во Охрид, како и во целата држава, денеска владее навивачка атмосфера. Настапот на македонските кошаркари е топ тема во сите разговори, а расположението и оптимизмот се на исклучително високо ниво. Охриѓани ќе стискаат палци и ќе навиваат за својата репрезентација која на историскиот натпревар ќе ја има поддршката од околу 400 – 500 навивачи кои со чартер авиони што ги обезбеди Владата денеска отпатуваа за Вилнус.