Жителите на Охрид ја поддржа и покажаа хуманоста и донираа средства за Андреј Коруновски. Битолчанецот е болен од црниот дроб, за трансплатација се согласил неговиот татко, за да изврши операцијата се потребни 20 000 евра.


Хуманата акција ја организираше охридската навивачка група „Рибари“, а таа ќе продолжи и  денес од 11 часот на градскиот плоштад.



– Морам да ги поздравам „рибарите“ за овој несекојдневен потфат. Ние како клуб му посакуваме побрзо опоравување на Андреј и што побрзо да се врати каде што му е местото, на трибините – рече претседателот на Ракометниот клуб Охрид 2011, Атанас Поп Стефанија.

– Ние сме навивачи и никогаш не сме го оставиле клубот на цедило. Така ќе биде и сега за Андреј, колку што можиме ќе помогниме за тој да се врати меѓу нас – рекоа „рибарите“ кои се неизбежен дел на охридските спортски манифестации.


Мх.П.