Охриѓани уште еднаш покажаа дека имаат хумано срце, чувство за солидарност и општествена одговорност. Љубители на класичната музика и добротвори, синоќа ја исполнија големата сала на општина Охрид на хуманитарниот концерт што го организираше Лајанс клубот „Лихнидос“ за помош на лица со посебни потреби.
Публиката уживаше во едночасовниот настап на учениците и професорите од ОМУ „Методи Патче“, кои несебично ја поддржаа хуманата акција на „Лихнидос“. Симпатиите на публиката ги освоија младите Анастасија и Марија Филоски, Мила Коруновска, Огнен Секулоски, Искра Атанасова – Митуш, Еда Шазиман, Даниел Мојсоски и Ивона Базгалоска, а силен аплауз добија и нивните професори Даниел Чуркоски и Емилија Маринова.
Организаторот им се заблагодари на сите помагатели и поддржувачи, најавувајќи дека ЛК „Лихнидос“ и натаму ќе продолжи да ја негува уметноста и да им помага на ранливите категории граѓани.
Гостите во „Ночолино“ лаунџ бар и џелатерија во Охрид мол, синоќа уживаа со музиката на групата „Сарај“ Љубителите на добрата забава од сите генерации во весела атмосфера заедно ги пееја прекраснит...
Ноќеска во 02:55 часот, на регионалниот пат Подмоље – Струга, од слобода бил лишен 20-годишен жител на струшкото село Франгово При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопрел...
Постарите Охриѓани паметат дека најава за доаѓањето на пролетта е процветувањето на бајамите (бадемите), засадени во стариот дел на градот и во Горица Вообичаено ова се случува на средината на март...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.