Традиционално по петти пат во организација на лајонс клубот Охрид, синоќа, во Центарот за култура, се  одржа хуманитарен новогодишен концерт, на кој настапија: Ѓоко Танески, Дамјан Пејчиноски, Влатко Лозаноски, професори и ученици од музичкото училиште „Методиј Патчев“, Охридскиот хор и други уметници.


Во рамки на хуманитарниот хепенинг лајонс клубот Охрид го додели Годишното признание „Горна Порта“  за особен успех во сферата на хуманизмот, културата, науката и уметноста и промоција граѓански вредности, кое годинава го доби академик Цветан Грозаданов. Исто така беа доделени и признанија на најуспешните ученици од Охрид.



Собраните средства од концетот ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

OhridNews