Традиционално по четврти пат, а по повод роденденот на спортската обложувалница „Премиер“, денеска во Охрид се одржа крводарителска акција. Хуманитарната манифестација што се одвиваше на просторот пред обложувалницата беше збогатена со настап на познатите музички уметници Елена Ристеска, Ламбе Алабакоски и Денис Мурат.
-Презадоволни сме од одзивот, крв даруваа 104 крводарители, со што е надмината минатогодишната бројка на дарувани единици крв.-изјави Сашо Точко, претседател на општинската организација на Црвениот крст.
Исто така извлечени беа наградите од покровителот, спортската обложувалница „Премиер“ која за најсреќните крводарители обезбеди Тв приемник, ДВД плеер, велосипед, соковник и фен.
Т. Кувенџиска
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com