Под мотото „Да му помогнеме сите на Илија„ на 10-ти овој месец, во Центарот за култура „Григор Прличев„ се одржа хуманитарен концерт на кој присуствуваа дел од познатите музички имиња од македонската естрада.
Хуманитарниот концерт беше посветен на нашиот 15 годишен сограѓанин Илија Јосифоски кој боледува од леукемија и на кого му е потребна финансиска помош за натамошно лекување.
На хуманитарниот концерт беа собрани вкупно 82.300 денари кои ке бидат предадени на семејството на младиот Илија што зборува за огромниот одзив на охриѓани и високиот степен на покажана хуманост.
На концертот, кој беше во организација на Секторот за внатрешни работи Охрид и Црвениот крст од Охрид, настапија: Некст тајм, Камелеон,Жармена, Ѓоко Танески, Пејчин, дуо Слајд, како и дел од Македонскиот идол:Катерина Симоновска, Лаура Крлиу, Анита Мицова и Денис Мурат. Организаторите до нив, граѓаните и до сите правни субјекти кои, покажувајќи ја својата хуманост, финасиски и материјално го помогнаа одржувањето на хуманитарниот концерт и придонесоа за негова успешна реализација, упатуваат јавна благодарност.
OhridNews