Во рамки на проектот “Поддршка на НП Галичица“, Јавната установа Национален парк Галичица во соработка со експерти на центарот “Заповедникс“ од Русија ќе изведе еднодневна обука за “Едукација за животната средина“ за вработените во Националниот парк Галичица и професори од основните и средните училишта од Охрид.

Целта на обуката што ќе се изведе во просториите на Јавната установа на 14ти октомври, петок, со почеток во 9.00 часот, е едукација и подигање на јавната свест за заштитата на животната средина.

OhridNews