Добротворен концерт ќе се одржи вечерва во 20 часот во Центарот за култура “Григор Прличев”.

На концертот ќе настапат хорот при ОСУ “Св.Климент Охридски “– Охрид, ФА “ОТЕКС” од Охрид, Ансамбл” Зарина”, како и ученици од СОСУ ”Св.Кирил и Методиј” и ОСУ ”Св.Климент Охридски” кои ќе изведат музички точки, а специјални гости ќе бидат “The Backdoor Band”.

Цената на влезниците е 50 денари, а собраните средства ќе бидат наменети за исплата на градежите активности кои беа преземени за нормален почеток на новата учебна во новоформираното средно општинско стручно училиште Св.”Кирил и Методиј” од Охрид.

OhridNews