Охриѓанката Ева и групата „Камелеон“ ќе настапат на дочекот на Новата година на градскиот плоштад.

Локалната самоуправа веќе го потпишала договорот со Ева, а утре тоа ќе биде направено и со групата „Камелеон“.

Од комбинација отпаднаа Елена Ристевска и Ламбе Алабаковски кои како што не информираа од општината чинеле повеќе од можностите на градот.

Буџетот за дочекот на Нова година нема да надмине 10.000 евра најави локалната самоуправа. Со тие средства покрај украсувањето и  веќе споменатите естрадни имиња ќе биде ангажиран и познат фолк пејач, кој како што дознаваме исто ќе биде од Охрид. Неговото име ќе биде познато в понеделник.

Ohridnews