
Апел за масовно приклучување во акцијата до граѓаните упатија организаторите и екологистите.
– Во текот на една година како огревно дрво, техничко дрво и со нелегална сеча, се уништува 1 500 000 м3 дрво од шумските зелени појаси во Р. Македонија, со што за 130 илјади тони се намалува кислородот во природата, а неповратно се губат 21 000 000 м3 вода, укажува независниот екологист Лазо Наумоски.
Тој предлага во иднина за стопански цели да се употребуваат не повеќе од 10 проценти од шумите, а за затоплување на домовите и јавните институции, да се бараат други алтернативни решенија.
OhridNews












