Со палење свеќи на плоштадот „Св. Климент Охридски“, охриѓани утре ќе им одадат почит на петмината убиени кај Смиљковци.

Тие се организираат преку социјалните мрежи, а иницијаторите упатуваат апел до учесниците на собирот за достоинство и мирно однесување.

-Не се работи за протест туку за мирен собир на кој со палење на свеќи сакаме да им одадеме почит на петтемина граѓани кои свирепо беа убиени минатата недела, пишува на еден од постовите на „Facebook“.

OhridNews