Охриѓани ќе ја оценуваат љубезноста на шалтерските работници
26.11.12 00:29
Охриѓани ќе можат да ги оценуваат љубезноста, комуникативноста и квалитетот на услугата на шалтерските работници. На шалтерите во Фондот за здравствено осигурување, како и во Агенцијата за катастар и недвижности поставени се уреди, преку кои вработените ќе добиваат оценка за нивната работа.
Според Министерството за информатичко општество и администрација, уредите се поставуваат по барање на граѓаните. „Уредот кој ќе работи на тач-сензор, ќе има звучен сигнал, лед диода и сим картичка, со што ќе се овозможи секое гласање веднаш да стигне до администраторот. Уредите се надоградени со батерија, со што се овозможува да работат и кога нема електрична енергија“ – изјави ресорниот министер Иво Ивановски.
Новост е и тоа што граѓаните ќе можат да гласаат и на веб порталот во склоп на министерството. „При гласањето преку веб порталот, граѓаните ќе може да внесат архивски број на предметот, одделение и институција, а тоа ќе овозможи да се даде оцена на целиот тим, а не само на административното лице кое работи на шалтерот“ – додава Ивановски.
Вакви уреди се инсталирани во Агенцијата за вработување, во Фондот за здравствено осигурување и Агенцијата за катастар и недвижности во единиците во Битола, Охрид и Штип. 16 уреди се поставени на шалтерите од Централниот Регистар, во Министерството за транспорт и врски, како и во Клиничката болница “Д-р Трифун Пановски” во Битола.
Познатиот бренд SPAR пристигна во Охрид – врвен квалитет, богата понуда и специјални акции Во рамките на Ohrid Mall, на површина од 2500 квадратни метри, охриѓани добија нов, современ маркет ...
Учениците од Општина Дебрца добија бесплатни униформи кои вклучуваат две маици со кратки ракави, две блузи со долги ракави и два дуксери Со ова како што посочува градоначалникот Златко Сиљаноски ре...
На 15102026 во 01 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „СвКлимент Охридски“ во Охрид, повеќе лица физички нападнале неколку ученици од Скопје кои во група, заедно со нивните професори, се...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.