Граѓаните на Охрид кои имаат предлози, сугестии и идеи во врска со „Визијата за Македонија“ која ја креираше СДСМ, од денеска до 4-ти декември, ќе имаат можност да ги достават на штандот кој е поставен на охридскиот плоштад.

-Визијата за Македонија од денеска стартува и од Охрид, целта е да ги собереме идеите од граѓаните, бидејќи пред една година го започнавме проектот „Работиме заедно“ во чии рамки ги посетувавме домовите и ги прашувавме граѓаните кои се нивните потреби на централно ниво и што е она што им недостасува на лаколно ниво. Луѓето тогаш ги доставуваа своите предлози и ние направивме една платформа која сочинува нашата „Визија за Македонија“. До одржување на партискиот односно и програмскиот конгрес на СДСМ ние сакаме дополнително да собереме идеи од граѓаните и да ги вклучиме во создавање на нашата Програма за Паралементарните избори, појасни Александар Кузески, потпарол на општинската организација на СДСМ од Охрид.

Тој потенцираше дека во текот на денешниот ден голем број охриѓани го посетиле штандот и очекува дека таа динамика ќе продолжи и во текот на наредните денови во периодот од 12 до 14 часот.

 

OhridNews