Во големата сала на општина Охрид денеска ќе се одржи средба на граѓаните на Охрид со претствници на Државниот катастар.

На средбата граѓаните ќе имаат можност да го информираат раководниот тим на републичкиот катастар за проблемите со кои се соочуваат при поднесување барања во охридскиот катастар, како и за предметите кои со години не се решаваат.

На средбата со охрижани ќе присуствува дирекорот на државниот катастар Љупчо Георгиевски кој по средбата ќе одржи прес конференција.