Во рамките на кампањата за рационална употреба на антибиотици и превенција на антимикробна резистенција, во четврток во големата сала при општина Охрид ќе се одржи еднодневен семинар.
Настанот ќе понуди информации за активностите на Светската здраствена организација и Министерството за здравство, состојбата со резистенција во Република Македонија и потрошувачката на антибиотици според податоците од ФЗОМ.
Инаку, кампањата има за цел да отвори јавна расправа за нерационалната употреба на антимикробните средства и намалување на ризикот од антибиотска резистенција (АМР).
OhridNews