Средствата собрани од оваа акција со продажба на учесничките броеви и со обезбедување на прилози од спонзори и донатори, наменети се за набавка на креветчиња за Детското одделение при Општата болница Охрид.
Секој кој ќе купи учеснички број за акцијата, кој чини 30 ден., може да се натпреварува во повеќе дисциплини: шах, пикадо, бадминтон, хокеј на трева, баскет, не лути се човеку и многу други спортски и културно-забавни содржини. Секој купен учеснички број учествува во големата наградна игра со преку 100 вредни награди (седум дневно зимување на Копаоник, викенд во х. Бистра-Маврово, телевизор, ДВД плеер, компјутерска галантерија), кои ќе бидат јавно извлечени на една од локалните телевизиии во втората половина на месец јуни.
Исто така денеска ќе се одржи XXXIX општински натпревар по прва помош, на кој учество ќе земат преку 150 млади од основните и средните училишта од Охрид и Дебрца.