Во рамки на своите активности во делот на здравствено-превентивната дејност, а како резултат на соработката со организацијата The art of living(Уметност на живеењето), Црвен крст Охрид организира едукативна промоција и презентација на знаења, вештини и техники насочени кон ослободување од стресот и активирање на вистинските потенцијали за работа кај секоја личност.
Се покануваат граѓаните, без оглед на возраста, да ја искористат оваа единствена можност, од искусниот, лиценциран Арт оф ливинг учител Теодора Костовска, на многу интересен и несекојдневен начин да ја осознаат моќта на правилното дишење како клуч за справување со негативните емоции и инструмент со кој „купуваме“ време и здравје.
Презентацијата ќе се реализира утре, 5- ти ноември, (среда) во просториите на Црвен крст Охрид со почеток во 19 часот.
OhridNews