Во организација на Црвен крст, денеска во Охрид ќе се одржи традиционалната хуманитарна спортско-рекреативна акција “За посреќно детство”, која има широк општествен карактер.

Целта на оваа акција е промовирање на спортскиот дух меѓу младите преку нивно учество во различни спортско-рекреативни содржини, како и подигање на свеста кај нашите сограѓани за солидарност, хуманост и пружање на потребната помош на оние кои се соочуваат со социјални или здравствени потешкотии.-велат од Црвениот крст.
 
Средствата собрани од оваа акција со продажба на учесничките броеви и со обезбедување на прилози од спонзори и донатори, ќе бидат наменети за набавка на соодветни производи со кои Ќе се помогне на децата од социјално најзагрозените семејства во Охрид и Дебарца.

Секој што ќе купи учеснички број за акцијата, кој чини 30 ден., може да се натпреварува во повеќе спортски дисциплини: шах, пикадо, баскет, мал фудбал, одбојка, не лути се човеку и многу други. Купениот учеснички број учествува во големата наградна игра со преку 100 вредни награди (седум-дневно зимување на Копаоник, викенд во х. Бистра-Маврово, викенд во Истанбул,Турција, телевизор, ДВД плеер, компјутерска галантерија), кои ќе бидат јавно извлекувани на телевизија ТВМ на 25 јуни.

OhridNews