Министерството за финансии и општина Охрид денеска со почеток во 17 часот, во големата општинска сала,  ќе одржат јавна презентација на проектот „Купи куќа за млади“. На средбата ќе се дискутира кои се условите за купување куќа и каде младите може да најдат државни плацеви.  На средбата меѓу другото ќе стане збор и за  понудата на локации за таа намена во Охрид, оние кои во моментот општината ги има предвидено за таа намена  или кои ќе ги понуди во блиска иднина.

Се покануваат сите заинтересирани граѓани да земат учество на настанот, при што ќе имаат можност директно да поставуваат прашања поврзани со проектот и веднаш да добијат одговори.

Проектот „Купи куќа за млади“ субвенционира кредит за изградба на куќа, со што исплаќа 80 отсто од ратата осум години и 50 отсто од ратата следните три години, или субвенционира 100 отсто од учеството.

OhridNews