Граѓаните на Охрид деновиве ги добија новите сметки за потрошена електрична енергија од ЕВН. Иако најавувани како подобрување на услугата, новите сметки предизвикаа негодување кај граѓаните, кои се револтирани на краткиот рок за плаќање.

– Ако тие од ЕВН земаат плата пред 7-ми, ние не земаме! Понекогаш доаѓа и на 15-ти, зошто да плаќаме затезна камата!?-вели граѓанин на Охрид, според кого ЕВН треба да остави подолг рок за плаќање на сметките за потрошена електрична енергија.


Нови сметки стари главоболки

OhridNews