Над 1000 граѓани на Охрид до сега го подржаа “Манифестот на Македониумот”.

Иницијативата за собирање потписи ја покрена група македонски спортисти и уметници, а како реакција на изоставувањето на придавката „македонски“ во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија.

-Од срце ја поддржувам оваа иницијатива и сметам дека секој граѓанин на Охрид треба да го  даде својот потпис. Македонија постоела и ќе опстои и не може никој да ни го ускрати правото да го употребуваме нашето име и нашиот јазик, ни изјави граѓанин на Охрид кого го затекнавме како се потпишува на иницијативата.

Собирањето на потписите се врши во Центарот за култура, но и во други институции и локации во градот. Откако ќе се соберат потписите од сите градови низ Македонија, Манифестот ќе биде доставен до Делегацијата на Европската унија во Скопје и лично до еврокомесарот Штефан Филе.

OhridNews