Минималниот пораз на охридските ракометари во Штип од Текстилец 27-26 во првиот натпревар од пролетната полусезона ги чинеше пад од пет места на табелата со што го зазедоа фенерот.

Можност за предавање на фенерот охридските ракометари ќе имаат во 16-та рунда кога на домашен терен го пречекуваат Радовиш.
Резултати : Преспа – Куманово 27-20, Металург јуниор – Пелистер 23-20, Радовиш – Пролет 23-25, Зомимак М – Овче Поле (неодиграно), Текстилец – Охрид 27-26
Табела, 15 коло: Зомимак М 42 бода (-1 меч), Пролет 39, Металург јуниор 25, Пелистер 25, Радовиш 24, Преспа 13, Текстилец 13, Овче Поле 12 (-1), Kуманово 12, Охрид 12.
Мх.П.










