– На овој фестивал ќе настапиме со две генерации, и тоа фудбалери родени 1999 година и фудбалери родени 2000 година. Иако се организира по прв пат, според информациите кои ги имаме на овој куп во седум различни категории ќе настапат преку 100 екипи од седум земји – вели предводникот на школата Гони Мерко.
За охридската филијала на “Академија Пандев“ која беше формирана неодамна ова е прво вакво искуство. Младите охриѓани ќе ги вкрстат “ракавиците“ со реномирани противници како Паок Солун, Политехника Темишвар, Борац Бања Лука, Дунав Виена, како и локалните школи на Војводина, “Синиша Михајловиќ, Индекс….
Охридската експедиција во вечерните саати тргнува за Нови Сад, натпреварите ќе се играат во три дена, а свечното отварање е закажано за 15 јуни на плоштадот Слобода во Нови Сад.