Охридскиот кошаркарски состав Лихнидос утре во Битола ќе ја има првата тест средба во предсезоната.

Тренерот Балазоска ќе може на дело да се увери во квалитетите на новите момци кои сезонава ќе ги бранаат боите на охридскиот второлигаш.

Покрај староседелците нови лица во охридскиот состав се браќата Роберто и Ренато Димититриевски кои доаѓаат од Фени Индустри,Марко Милосавлевиќ од МЗТ Скопје,  како и Златко Наумовски од Кичево.

До стартот на сезоната кој е закажан за 20 октомври, планирани се уште неколку тест средби. Во петок охриѓани ќе спарингуваат со струшки “Црн Дрим,  

М.П.