Под мотото „Спортски е да се сади“, денес се спроведува десеттата по ред јубилејна акција „Ден на дрвото- засади ја својата иднина“.

Во охридско ќе се сади на месноста Мауцкер каде на површина од околу два хектари ќе се пошумува со четири илјади садници јасен, јудино дрво и чемпрес.

Во акцијата ќе земат учество и државниот секретар на Министерството за локална самоуправа,  Сашо Стефаноски, охридските пратеници и други функционери од ВМРО ДПМНЕ од Охрид.

Во ноемвриската акција низ Македонија предвидено е да бидат засадени 3.200.000 садници на површина од 803 хектари. 574 хектари ќе бидат нови површини, 131 хектар се површини кои ќе се корегираат, а 98 хектари опожарена површина.

Уште околу два милиона садници ќе бидат засадени од АД Македонски шуми до крајот на годината, со што вкупниот број на дрвца со кои ќе биде пошумена Македонија ќе достигне 5.200.000.

OhridNews