Кошаркарите на АВ Охрид на најдобар можен начин со победи над директните ривали го чуваат првото место на табелата во Втората кошаркарска лига.


Екипата на Пелистер до сега беше најблиску да ја расипи стопроцетната ефикасност на „галебите“, но претрпеа пораз пред своите гледачи по дополнителни пет минути.

Избраниците на Петар Чочорски во 12-та рунда од Втората лига на домашен терен против тимот на Гостивар ќе го одиграат мечот на сезоната.

Со триумфот над гостиварчани кошаркарите на АВ Охрид ќе го отпишат најголемиот ривал кој дополнително се засили во зимскиот преоден рок.

Резултати: Тетекс – Академија ФМП 61-65, Водњански Лисици – Шкупи 87-82, Гостивар – Радовиш 72-61, Пелистер – АВ Охрид 75-80, Вардар – Ангели 71-60

Табела: АВ Охрид 22, Вардар 17, Гостивар 19, Водњански Лисици 19, Пелистер 18, Шкупи 14, Тетекс 14, Ангели 14, Академија ФМП 14, Радовиш 12.

OhridNews