Казната од 120 илјади денари и три месечната суспензијата на тренерот на охриѓани Горан Андоновски силно ги разбранува страстите во охридската спортска јавност. Прва се јави локалната која казната ја нарече скандалознаи злонамерна, а не стивниват ниту реакциите на официјалната фејбук страна на охридските љубители на ракометот.
Од клубот велат дека детално ќе ги разгледаат сите опции и затоа в петок од 18 часот во СРЦ “Билјанини Извори“ свикаа вондредно отворено собрание на кое ќе може да присуствуваат сите љубители на ракометната игра.
Од реформирањето на ракометниот клуб во 2011 година, тој е миленик на охридската публика, и на домашните мечевите има просечно по илјада гледачи. Будењето на ракометот во Охрид, ја разгоре и “езерската“ пресметка која во последните две сезони се игра во пеколен амбиент.
Но наспроти охриѓани стои Ракометната Федераија на Македонија, на која клубот им е “трн во очи“. Водечките лица ја користат секоја минимална можност да го казнат клубот. Ланската сезона клубот беше казнуван и парично и играше мечеви без публика и тоа само поради “провокациите“ на гостинските екипи Пелистер Јуниор односно Ринија.
Пред охридскииот клуб е важна одлука, потребно е да се согледаат сите можности и опции клубот и понатаму да опстои, но исто така да се бара начин да престане самоволието на водечките луѓе во федерација.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com