Ракометниот клуб Охрид со триумф ги започна мечевите во плејофот во Супер лигата, откако на домашен терен со 28-23 (11-13) го совлада составот на Еурофарм Работник.

„Гладијаторите“ од трет обид најдоа лек за „фармацевтите“ кои двата пати славеа против охридскиот состав во регулартниот дел од шампионатот.

Добриот почеток на натпреварот им донесе предност од три погодоци на охриѓани (6-3) на семафорот. Но, гостинските ракометари со серија 4-1 израмнија на 7-7 и наговестија целосен пресврт. До крајот на првиот дел битолчани поведоа и со три голови (11-8), а на одмор замина со два погодоци позитива.

Охридските ракометари одново имаа добар почеток на мечот, откако во првите десет од вториот не примија ниту еден погодок, а постигнаа пет за водство (16-13). Серијата погодоци продолжи и предноста на Охрид достигна пет голови за највисоко водство (20-15).

Гостите и покрај негативата не се предадоа и со 4-1 серија се вратија во игра (21-19) за поволен резултат. Сепак, домаќините не дозволија такво нешто и со голгетерска низа од четири голови ги решија сите дилеми околу победникот. Охриѓани рутински го спроведоа мечот во мирна завршница и ги запишаа првите бодови на табелата.

Најпрецизен во охридскиот состав со 11 голови беше Марко Кобетиќ, пет реализираше Бобан Блажески, по четири Јосип Кезиќ и Лазар Адамови, а три пати во листата на стрелци се запиша и Крсте Андоновски. Одново херој на охриѓани беше Благојче Трајкоски кој собра 17 успешни интервенци од кои 10 во вториот дел. Во екипата на Еурофарм Работник најпрецизен беше Монтеро де Барос со шест голов.

Во следната рунда веќе в среда Охрид на домашен терен ќе се сретне со Борец од Велес.

Мх.П.