Деновиве во Скопје се одржа Интернационален Танцов Натпревар “Скопје Опен 2012“, на кој учество зедоа преку 800 танчери, меѓу кои и членовите на студиото за танц “Соната“ од Охрид. Охриѓани се натпреваруваа во три категории и постигна извонредни резултати. Во категоријата Хип Хоп Соло Јуниор Олгица Симеонова се закити со првото место и пехар, а идентичен успех постигна и Сара Климоска во категоријата Хип Хоп Соло Адулт. Групно во категоријата Хип Хоп Crews Adult групата The FreaX во состав Сара Климоска, Олгица Симеонова, Јетон Мусли, Јасмина Китаноска, Катерија Евтимоска, Наташа Трпоска и Марија Божиноска го освоија високото 3 место.
Во трите категории се танцуваше на музика по избор на официјалниот ДЈ на натпреварот, која не беше позната за натпреварувачите.
Оод СОНАТА најавуваат уште многу пехари иво иднина о ги отвараат вратите за сите заинтересирани да им се придружат на часовите во детската градинка Развигорче секоја сабота и недела од 18:00 часот.












