Од Одделението за Локален и економски развој при Општина Охрид, инаформираат дека двете пристигнати апликации се однесувале на Мерката 101, чија цел е преструктуирање на земјоделското производство и надградба за достигнување на стандардите на Европската Унија.
-Тие се во согласност со Стратегијата за одржлив локален економски развој на Општина Охрид, посебно со приоритетот за развој на локалната економија, вработувањето и рационално искористување на природните и демографски ресурси и стратешките цели за поддршка на развојот на индивидуалните земјоделци и земјоделските стопанства, како и претприемништвото посебно во руралните области, објаснуваат од Одделението за ЛЕР.
Од таму нагласуваат дека искористувањето на можностите за рурален развој што оваа програма ги обезбедува е на сосема ниско ниво и дека граѓаните многу малку знаат за можностите кои истата ги нуди.
-Од таа причина во програмата за поддршка на локалниот економски развој за 2012 година се планирани поголем број на активности, едукации и семинари за целната група на корисници, со цел нивно запознавање со овој ИПА инструмент како и со целокупниот процес и услови за користење на средствата. Нашата главна цел е да се зголеми бројот на апликанти од општина Охрид за следните Јавни повици за ИПАРД програмата што би значело и побрз рурален развој, а воедно и локален економски развој, најавуваат од Одделението за ЛЕР.
Инаку 75% од финансиската поддршка за ИПАРД програмата 2007-2013, е обезбедена од петтата компонента на инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) согласно повеќегодишната финансиска спогодба 2007- 2011 и 25% средства обезбедени од буџетот на Република Македонија.