Еден ден по завршување на Европското првенство во фудбал, топ тема во јавноста е триумфот на Португалија над фаворизираниот домаќин Франција. Португалците без својот најдобар фудбалер Крситијано Роналдо кој поради повреда ја напушти играта уште во 25та минута, ја совладаа репрезентацијата на Франција во финалето на „Стад де Франс“ со 1:0 со голот на резервистот Едер во 109 минута од продолжението.
Французите влегоа во дуелот како големи фаворити. И обложувалниците им даваа повеќе шанси за триумф на триколорите, кој пак беа фаворити и кај охриѓани. Во анкетата што ја спроведовме пред одигрување на полуфиналните мечеви, охриѓани на Португалија и даваа помали шанси за триумф во однос на останатите ривали.
OhridNews
Следно анкетно прашање: Дали возачите на глисери и скутери ги почитуваат правилата за безбедна пловидба на Охридското Езеро?