Граѓаните не им веруваат на политичарите. Ова го покажаа резултатите од анкетата што за сопствени потреби ја спроведе OhridNews во месец март. Мнозинството од читателите на порталот на поставеното анкетно прашање „Дали им верувате на политичарите?“ – се изјасниле негативно.


Охриѓани не им веруваат на политичарите

Во Македонија во моментов во тек е изборна кампања за претседател, а набрзо ќе стартува кампањата за избор на пратеници. Судејќи по расположението на граѓаните политичарите ќе треба да вложат многу енергија за да ги придобијат гласовите на граѓаните кои не го кријат разочарувањето од политичките елити.

OhridNews

Следно анкетно прашање: 

Дали на Охрид му се потребни елитни хотелски комплекси?