Охриѓани не гледаат позитивно на идејата за изградба на платфотрми за плажи на градскиот кеј. Големо мнозинство од нив не се согласуваат со размислувањата на локалната самоуправа која согласно Деталниот урбанистички план од 2000 година планира изградба на три платформи на кејот со кои ќе стопанисуваат хотелите кои се наоѓаат на овој дел од ривиерата.
На анкетното прашање на Оhridnews: „Дали на градскиот кеј треба да се изградат плажи?“, 2229 читатели, или 72 проценти, одговориле со „Не“, додека за идејата се изјасниле 527 читатели или 17 отсто од анкетираните, 227 читатели или 7 проценти сметат дека при евентуална реализација на идејата треба да се внимава на еколошкиот аспект, додека 4 отсто, односно 114 анкетирани, сметаат дека за идејата треба да се произнесе стручната јавност.
Во анкетата беа вклучени 3097 читатели на Ohridnews.
Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Прва Македонска ударна бригада“ и на дел од улицата “Марко Цепенков”, информираа...
39 земјоделци и граѓани од општина Дебрца, меѓу кои и градоначалникот на општината, Зоран Ногачески, по четврти пат беа во организирана посета на 92-от Меѓународен земјоделски саем „Нови Сад 2025”,...
По повод 20 ти Мај, Денот на пожарникарите, Територијалната противпожарна единица (ТППЕ)-Охрид денес ќе дефилира низ охридските улици со противпожарни возила, со звучна и светлосна сигнализација со...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.