Охриѓани многу ретко ги осигуруваат своите домови, движниот и недвижниот имот, од несреќи, а не покажуваат ни значаен интерес за осигурување на својот живот и животот на своите најблиски. Според Осигурителните компании, покрај нискиот стандард, малиот број на склучени полиси во Охрид, се должи и на неинформираноста на граѓаните за важноста на осигурувањето и што тоа обезбедува. Исто така значајно влијание врз оваа незаинтересираност е и немањето на традиција за осигурување во нашата земја, каква што постои во земјите од Западна Европа.
-Најчесто склучуваме полиси за задолжителни осигурувања, за кои постои законска обврска. Тука спаѓаат осигурувањето од автоодговорност, кое е задолжително за регистрација на моторните возила и здравственото-патничко осигурување, кое е задолжително при патувањата надвор од Македонија. Исто така почесто се склучува и Каско осигурување, кое е задолжително при купување на возило на кредит. –велат од експозитурите на неколку Осигурителни компании во Охрид.
Тие нагласуваат дека интересен е фактот што куќите, становите, дуќаните, фабриките и друг вид на недвижен имот во Охрид, се осигуруваат само во случај на хипотекарен кредит.
–Многу мал е бројот на лицата кои самоиницијативно и по своја желба решаваат да го осигураат својот имот. Од склучените полиси за осигурување на имот, повеќе од 90 проценти им припаѓаат на оние полиси кои се склучени поради тоа што имотот е ставен под хипотека, заради подигање на кредит. Значи и овој вид на осигурување е потикнато од задолжителна процедура и нема поврзаност со желбата на граѓаните.-велат агентите за осигурување.
Тие објаснуваат дека цените за полисите за осигурување не се многу скапи, а се значајна сигурност за во иднина.
–На пример за осигурување на еден стан од 30 метри квадратни, со мебелот и покуќнината заедно, од основни ризици, како што се пожар, поплава и природни непогоди, лицето треба да плати околу 1.500 денари годишно. Ова е мала сума во споредба со онаа што осигурителната компанија ќе му ја исплати,доколку неговиот дом претрпи штета.-велат агентите за осигурување, потенцирајќи дека и животното осигурување обезбедува високо надополнување на штетата, при различни видови на несреќа.
На 08112025 во 15 часот во ОВР Струга е пријавено дека во близина на угостителски објект лоциран на регионалниот пат Калишта – Струга, едно лице – сопатник во патничко возило „бмв“ го о...
Организацијата “SupportKocani” соопшти дека извршила втора распределба на средства на повредени во катастрофалниот пожар што се случи на 16 март во Кочани Собрани се вкупно 10944793 ден...
Времето денеска во Охрид ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец Максималната температура ќе достигне 16 степени Во понеде...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.