Малку сонце и тоа е доволно за вљубениците во езерото да запливаат во свежите „есенски“ води. Неделава што изминува сонце имаше ималку, но доволно за уживање за најхрабрите. Други пак претпочитаа рекреирација на брегот.

Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, деновиве ќе имаме облачно и врнежливо време, а дневните и утринските температури ќе бидат во опаѓање. Во недела дневната температура во Охрид ќе достигне само 14 степени, а слично време не очекува и на почетокот од новата работна недела. По се изгледа деновите за плажа се одбројани.

OhridNews