Повеќе од скромна беше посетата на првиот ден од т.н саем на кошарка кој до недела ќе се игра во Охрид. Во спортската арена Билјанини Извори едвај 500 гледачи продефилираа (вклучувајќи ги и играчите на тимовите учесници и преставниците на медиумите) на трите натпревари на првиот ден од натпреварите на куп завршницата во Охрид.


Една од причините беше и поклопувањето на терминот со дербито во лигата на шампиони помеѓу Манчестер Јунајтед и Интер кое по се изгледа префериаа да го гледаат охриѓани на ТВ отколку да дојдат во сала да гледаат кошарка. Посетителите во салата редовно се информираа какви се резултатите во лигата на шампиони, а најчесто поставуваното прашање беше – Аре, како е Манчестер ??

Поголема посета се очекува в петок кога на прогрмата се полуфиналните натпревари.

М.П