Охриѓани не се преголеми оптимисти за добри резултати на женската ракометна репрезентација пред почетокот на Европското првенство во Србија.

На анкетата која беше спроведена на веб порталот Ohridnews, 375 читатели или (38%) гласаа оти Македонија нема да ја помине групата.

За пласман во 1/8 финалето охриѓани веруваат (21 %) додека ист процент има и за пласман во наредната фаза.

Најмалку шанси само 20% на Македонија и се дава за влез во најдобрите четири селекции на стариот континент.

Европското првенство избраничките на Гино Стрезовски го започнуваат вторник 4 декември со мечот против Франција. Натпреварот се игра во салата “Чаир“ во Ниш со почеток од 18:15 часот.

Мх.П.