Песната „Црно и Бело“ со која македонската поп дива Калиопи ќе не претставува на Евросонг не ги освои симпатиите на охриѓани.

Најголем дел од нив на песната и дадоа ниски оценки, но има и такви на кои песната им се допадна. А, колку навистина вреди „Црно и бело“ на Калиопи, доколку се разбира е некакво мерило со оглед на начинот на кој се гласа на Евросонг, ќе видиме во мај на изборот за песна на Евровизија во Азербејџан. Но едно е сигурно, во музичките квалитети на Калиопи никој не треба да се сомнева.